Connect with us

Фудбал

Јувентус не преговара со Жиру, Суарез останува приоритетна опција

Торино, 11 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру нема да се пресели во Јувентус, објави новинарот Николо Скира.

Според изворот, страните не се во процес на преговарање и покрај шпекулациите дека е можен трансфер на францускиот фудбалер.

Забележано е дека главната опција за торинците е потписот со напаѓачот на Барселона, Луис Суарез.

Напаѓачот на Рома, Един Џеко се смета за план Б, додека напаѓачите Единсон Кавани (слободен агент) и Алваро Мората (Атлетико) се сметаат за трета опција.

Претходно беше објавено дека Јуве се договорил со Жиру на двегодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com