Фудбал
Јувентус не се откажува, има скоро 100 милиони евра за Икарди
Јувентус треба да направи уште еден обид за да ги обезбеди услугите на Мауро Икарди ова лето, тврди „Калчомеркато“. Аргентинскиот напаѓач, позајмен во ПСЖ од минатото лето, се поврзуваше со големите ривали на Интер во Серија А, пред неговото преселување на „Паркот на принцовите“. И „Бјанконерите“ сè уште го бараат неговиот потпис, иако ќе треба да платат околу 100 милиони евра за да ја убедат француската страна да го продаде.
Всушност, прво е потребно ПСЖ да ја направи клаузулата за аквизиција на поранешниот капитен на Интер, а потоа да влезе во преговори со „Старата дама“. Ова е единствениот начин италијанските шампиони да го преземат аргентинскиот бомбардер, со „посредник“, затоа што директно од Интер (кој во моментот го поседува неговиот договор) се чини невозможно.
Икарди има постигнато 12 гола на 20 натпревари од француското првенство. Тој исто така има постигнато 5 гола на шест натпревари во Лигата на шампионите. Навистина импресивна фигура, но ПСЖ има и други sвезди како Мбапе, Нејмар и Кавани, па затоа може да направи добра финансиска „трансакција“ со Аргентинецот.