Connect with us

Фудбал

Јувентус нуди двајца за еден од Рома

Јувентус сака да се стекне со играчот од средниот ред на Рома, Николо Заноло, пренесува „Тутопорт“.

Според изворот, „Торинците“ се подготвени да и ги отстапат на Рома дефанзивецот Даниеле Ругани и напаѓачот Федерико Бернардески за 20-годишниот Италијанец, но Римјаните бараат за играчот 60 милиони евра.

Оваа сезона, Заноло има 24 натпревари на сите турнири во кои постигна шест гола и направи три асистенции.