Фудбал
Јувентус отпиша шест играчи и ќе се обиде да ги продаде во јануари
Јувентус веќе не е доминантен во Серија А како претходните години.
Старата дама и оваа сезона не блеска премногу во домашниот шампионат, откако Интер летово успеа да ја прекине деветгодишната доминација.
Не е тајна дека Јувентус е тешко погоден од пандемијата на коронавирус, а челниците на клубот се обидуваат да ги решат што поскоро токму финансиските проблеми.
„Кориере дело Спорт“ објави дека Јувентус во зима ќе се обиде да продаде неколку играчи за да се обиде да го реши проблемот со финансиите, а наводно веќе имаат неколку отпишани играчи на списокот.
Според италијанските медиуми, Јувентус отпишал шест свои играчи кои ќе се најдат на трансфер листата во јануарскиот преоден рок.
Според „Кориере дело Спорт“, на оваа листа се Адриен Рабиот, Артур Мело, Вестон Мекени, Родриго Бентанкур, Арон Ремзи и Дејан Кулушевски.
Утринава се појавија шпекулации дека Кусулевски би можел прв да ја напушти Старата дама, а како нова дестинација се наведува англискиот Премиершип.
Наводно, голем интерес за шведскиот репрезентативец покажал Тотенхем, кој е подготвен што поскоро да го комплетира неговиот трансфер.