Фудбал
Јувентус подготвен да го продаде Пјаниќ, ПСЖ сака да го донесе
Јувентус, наводно, е подготвен да го продаде Миралем Пјаниќ во следниот преоден рок, а ПСЖ е првата заинтересирана страна.
Пјаниќ не играше во дерби натпреварот против Интер, кој Јувентус го доби со 2-0, и веднаш започнаа шпекулациите за неговата продажба.
Пјаниќ во Јувентус дојде од Рома во 2016 година, постигнувајќи три гола и четири асистенции на 32 настапи оваа сезона.
Иако се чинеше дека е еден од главните играчи во средниот ред на Јувентус, изгледа дека тој ќе ги брани боите на друг клуб од следната сезона.
ПСЖ е подготвен да плати голема сума пари за Пјаниќ, а останува да се види дали репрезентативецот на БиХ следната сезона повторно ќе настапува во Франција.