Connect with us

Фудбал

Јувентус подготвува „одмазда“ за Интер

Единсон Кавани најверојатно како слободен играч доаѓа во Рома. Тоа би значело дека Един Џеко ќе мора да му го отстапи местото. За него интерес има од Интер уште од зимскиот преоден рок. Но, се чини дека во трката се вклучува и Јувентус. Гонзало Игуаин се уште е под догоговор, но „Старата дама“ има идеја, да му исплати дел од примањата и да го пушти да замине во Естудијантес или МЛС лигата.

Доколку успее да го ангажира Џеко, Јувентус на тој начин би му се одмаздил на Интер, кој е на чекор да го ангажира Емерсон Палмиери од Челзи, кој пак е желба на тренерот на тимот од Торино, Маурицио Сари.