Connect with us

Фудбал

Јувентус покажува голем интерес за Мауро Икарди

Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи покажува голем интерес за Мауро Икадини, а слабиот настап на Гонзало Игуаин го натера повеќе да размислува за поранешен капитен на Интер.

Аргентинскиот напаѓач добро ја започна својата авантура во ПСЖ, каде е на позајмица со договор за откуп од 70 милиони евра, а досега постигна вкупно 18 гола.

Сепак, во Франција не се убедени да платат 70 милиони евра за Икарди, а тоа е главно поради неговиот однос со Нејмар и другите ѕвезди на тимот, па Паратичи ги проучува опциите за Аргентинецот.

Според италијанските медиуми, челниците на Јуве сакаат да избегнат каков било контакт со Интер и затоа побарале од Леонардо да плати 70 милиони евра за Икарди, а потоа да преговараат за неговиот трансфер во „Бјанконерите“.

Во овој момент бразилскиот менаџер изрази подготвеност, но под услов трансферот на Икард во Торино да вклучува трансфер на Миралем Пјаниќ во францускиот шампион, бидејќи тој е еден од фаворитите на Леонардо.

Сепак, вреди да се напомене дека летниот преоден рок е сè уште далеку, а дотогаш лидерите на двата клуба имаат доволно време да најдат решение.