Connect with us

Фудбал

Јувентус потврдува одлична вест: Ругани и Матуиди го поразија коронавирусот

Даниел Ругани беше првиот играч заразен со коронавирус во Италија, а потоа Јувентус потврди дека Блез Матуиди и Пауло Дибала се заразени во овој тим.

Веста дека Ругани е заразен, создаде вистински хаос во редовите на Јувентус и Интер кои штотуку играа натпревар во Торино само два дена порано. Но, за среќа, многумина избегнаа контакт со дефанзивецот на Јувентус, а единствените што се заразија се Матуиди и Дибала.

Јувентус веднаш им даде на сите членови карантин од две недели, а за среќа заразата не се прошири. Ругани, Матуиди и Дибала беа во домашна изолација и од ден на ден се чувствуваа подобро.

„Старата дама“ денес потврди дека Ругани и Матуиди целосно се опоравиле од коронавирусот и дека биле негативни на претходните два теста. Поради ова, им беше дадена дозвола да го напуштат режимот на изолација.

„Даниел Ругани и Блез Матуиди изминатите неколку дена беа тестирани двапати за коронавирус и тестовите се негативни. Тие се опоравени и повеќе не треба да бидат во строг режим на домашна изолација“, соопшти италијанскиот клуб.

Одлична вест е дека Дибала исто така целосно се опорави, но тој сè уште ги чека резултатите од тестот во Јувентус за да потврди дека тој повеќе не е позитивен на коронавирус.