Connect with us

Фудбал

Јувентус размислува да го врати Конте

Јувентус би можел да се обиде да го врати Антонио Конте во Торино во обид да ја спаси нивната сезона, пренесува The Star.

Столчето на тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри, сериозно е разнишано по неубедливиот старт на кампањата во Серија А и Лигата на шампионите. „Бјанконерите“ се насочија кон нивниот поранешен тренер Конте, кој моментално раководи со англискиот Тотенхем.

Спарс се непоразени од почетокот на сезоната во Премиер лигата, но според извештаите 53-годишниот би можел да биде „отворен за враќање во Јувентус“.