Фудбал
Јувентус сака да го „грабне“ бунтовникот од Наполи!
Ситуацијата во Неапол не е воопшто мирна, со тоа што некои од клучните играчи немаат добри односи со претседателот Де Лаурентис.
Еден од главните „непријатели“ на претседателот и неговиот син е, се разбира, Алан. Бразилецот беше меѓу првите што го искажаа својот револт, па дури и наводно го удрил синот на Де Лаурентис.
Клубот објави дека во јануари Алан и многу други ќе заминат. Врз основа на овие изјави, италијанските медиуми неодамна објавија дека Јувентус влегол во трката за да ги обезбеди услугите на Алан.
Според она што го пишува „Калчомеркато“, „Бјанконерите“ сакаат да ја искористат тензичната ситуација и во јануари ќе се обидат да го донесат во своите редови. За Алан, интерес покажа и ПСЖ.