Поврзи се со нас

Фудбал

Јувентус сака да го продаде Роналдо

Торино, 9 ноември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо може да го напушти клубот на лето, објави „АС“.

Според изворот, раководството на актуелниот италијански шампион сака да го растовари платниот список и да заработат пари од евентуалниот трансфер на 35-годишниот Португалец.

„Старата дама“ е подготвена да се раздели од напаѓачот за 100 милиони евра

Во тековната сезона на Серија А, Роналдо одигра пет натпревари, на кои постигна шест погодоци. зс/

loading...

Facebook