Фудбал
Јувентус сака да ја искористи ситуацијата во Челзи
Атмосферата во Челзи не е баш сјајна по санкциите против Роман Абрамович.
Ситуацијата во Лондон ја следат многу европски клубови и ја чекаат шансата да „грабнат“ трансфер, а по се изгледа Јувентус е прв на акција.
Старата дама од Торино ги сака во своите редови Кристијан Пулишиќ (23) и Антонио Рудигер (29), но тие би морале да им платат „дебело“ на сините, а познато е дека Јуве не е тим кој така се расфрла со пари.
Пулишиќ има договор со Челзи до 2024 година и вреди 45 милиони евра, а од друга страна на Рудигер му истекува договорот ова лето и тој станува слободен играч, па Јувентус би можел да помине добро, но трансферот на Пулишиќ би ја потресол касата. По доведувањето на Влаховиќ, прашање е дали Јуве сака уште еден силен трансфер во финансиска смисла.
Она што може да биде олеснителна околност за Јувентус е фактот што повеќето играчи на Челзи можеа да изразат незадоволство од целата ситуација по завршувањето на сезоната, па можеби клубот би бил принуден да ги послуша барањата на играчите да си заминат.
Сигурно ни претстои возбудливо лето во Лондон, а целата приказна околу Челзи ќе биде меѓу водечките.