Фудбал
Јувентус се осмелува, еве ја понудата за напаѓачот по кој лудува Европа!
Ерлинг Браут Халанд е несомнено името за кое се зборува во Европа, затоа што Норвежанецот воодушевува на неговите настапи.
Во моментов, напаѓачот на Салцбург има постигнато 22 гола на 15 настапи во сите натпреварувања, шест од нив во Лигата на шампионите. Јувентус ја испрати првата понуда за 19-годишниот фудбалер, при што Реал и Манчестер Јунајтед внимателно ја следат ситуацијата.

„Бјанконерите“ со понуда до 40 милиони евра ќе се обидат да ги убедат Австријците.
Според она што го пренесува „Gazzetta dello Sport“, Паратити ќе има средба со директори на Салцбург, каде се очекува да ја претстави понуда од 40 милиони евра.