Connect with us

Фудбал

Јувентус се подготвува, но Наполи поради Елмас нема намера да патува во Торино

Едните се подготвуваат за натпревар кој најверојатно нема да се одигра бидејќи според последните информации Наполи нема намера да патува во Торино.

По ова само две опции се во игра: или одложување на средбата, или службена победа за Јувентус.

Ова следува откако Наполи решија да не патуваат во Торино поради позитивните тестови на КОВИД-19 на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Пјотр Зиелински, а Јувентус најави дека подготовките за мечот одат според планот.

Во ФИГЦ велат дека мечот треба да се одложи, бидејќи Наполи нема право да не ги почитува мерките на здравствените власти во регионот Кампања.