Connect with us

Фудбал

Јувентус се тресе, можно е одземање на нови 20 бодови, а тоа би значело преселба во Серија Б?!

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус се наоѓа во многу тешка ситуација. Пред неколку дена му беа одземени 15 бодови поради финансиски малверзации со трансферите, поради што овој тим од врвот „падна“ во долниот дел на табелата каде екипите се борат за опстанок.

Но најлошото се уште не завршило за „Старата дама“. Италијанските медиуми со нови информации дека Јувентус би можел да добие нова казна од минус 20 бодови, како резултат од дополнителната истрага на обвинителството. Доколку ова се оствари тогаш Јувентус би останал на само три бодови и би бил закован на дното на табелата.

Кориере дело Спорт пишува?

-Обвинителот на Фудбалскиот сојуз на Италија ќе побара Јувентус да биде казнет со одземање на најмалку 20 поени за измама околу исплата на плати на играчите за време на пандемијата на коронавирус, случај кој се смета за многу посериозно прекршување на правилата од користење на лажен капитал во финансиските книги.