Фудбал
Јувентус се вклучи во трката за потписот на Вилијан
Навивачите на Јувентус можат да очекуваат возбудливо лето кога станува збор за трансфери, затоа што се очекуваат неколку пристигнувања и заминувања.
Според италијанските медиуми, челниците на Јувентус сериозно размислуваат да понудат договор на досегашниот играч на Челзи, Вилијан.
На крајот на сезоната истекува неговиот договор со Челзи, а тој ќе може да потпише за еден од заинтересираните тимови како слободен агент.
Наводно, Вилијан сака повеќегодишен договор, а Јувентус е подготвен да му го понуди тоа, тригодишен договор.
Неколку други екипи се заинтересирани за него, а меѓу главните кандидати се екипи од Лондон, Тотенхем и Арсенал.