Connect with us

Фудбал

Јувентус со ултиматум за Барселона, до овој рок мора да го купи Пјаниќ

Јувентус и Барселона се уште немаат дефинитивен договор околу ангажирањето на Миралем Пјаниќ. Тој сака да се пресели на „Камп Ноу“, а тимот од Торино го сака Артур Мело.

Со месеци трае сагата, но сепак на фудбалерот на Барса не му се оди во Торино. Јувентус што поскоро сака да знае кога е во прашање овој трансфер. Па, така според дел од шпанските медиуми, италијанскиот првак и поставил ултиматум на Барселона најдоцна до 30 јуни да испрати официјална понуда, во спротивно Јувентус ќе се сврти кон другите клубови кои имаат интерес за Пјаниќ, а тоа се ПСЖ и Челзи.