Connect with us

Фудбал

Јувентус треба да исплати 1 милион евра на Манчестер Јунајтед за Роналдо

Според Англискиот весник „The Sun“, Јувентус треба да му даде на Манчестер Јунајтед 1 милион евра за Кристијано Роналдо, ова го откриваат финансиските записи на клубот.

Всушност, ова ќе биде втора исплата на шампионот во Серија А до клубот од Премиер лигата.

Според извештајот, уплатените суми се дел од договорот со што Роналдо пристигна во Реал Мадрид од Јунајтед во 2009 година.

Со други зборови, кога Јуве го купи Португалецот, тој се согласи да ја плати сумата на Јунајтед.