Connect with us

Фудбал

Јувентус во очајна форма, но може да биде шампион без да истрча на теренот

Јувентус е во очајна форма. На последните пет меча има само една победа, два порази и исто толку нерешени средби. Сепак, и натаму има солидна предност пред конкурентите, веројатно и доволна за девета последователна титула во Серие А.

„Старата дама“ може да стане шампион и без да истрча на теренот. Имено, за тоа да се случи би требало да се поклопат неколку работи. Првата е Милан да ја совлада Аталанта вечерва, а потоа Интер и Лацио да не победат во Џенова, односно Верона.

Доколку ова се случи тогаш Јувентус без да го одигра својот меч во ова коло ќе стане шампион, а доколку не тогаш ќе им биде потребна уште една победа.