Други спортови
Хабиб брутален кон претседателот на Франција: Нека Алах го накаже лицето на ова створење
Изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за исламот го кренаа на нозе исламскиот свет, што е огорчено од одредени коментари на овој човек.
Меѓу оние кои се појавија беше и шампионот на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, кој беше многу брутален кон Макрон во своето обраќање на Инстаграм.
“Нека семоќниот го накаже лицето на ова створење и на сите негови следбеници, кои под слоганот на слободата на говорот ги навредуваат чувствата на повеќе од една и пол милијарда муслимански верници. Нека семоќниот ги понижи во овој и во следниот живот. Алах е брз во своите дела и ќе видите”, напиша тој во соопштението и продолжува:

“Ние сме муслимани, повеќе го сакаме нашиот пророк Мухамед салалалаху алејхи ве селам отколку нашите мајки, татковци, деца, сопруги и сите други луѓе блиски до нашите срца. Верувајте ми, овие провокации ќе им се вратат бидејќи на крајот победи богобојазливиот”, рече Хабиб.