Кошарка
Каде исчезна Леброн Џејмс?
Леброн Џејмс се врати на паркетот минатиот викенд против Сакраменто Кингс по пауза од месец и половина, поради повреда на зглобот.
Џејмс се врати, играше, а потоа повторно „исчезна“. Тој не беше во списокот за игри против Денвер и ЛА Клиперс. Тој го нема на списокот на повредени играчи, ниту оние кои пропуштаат натпревари поради коронавирус.
По синоќешниот натпревар со градскиот ривал, тренерот Френк Вогел беше запрашан од новинарите за отсуството на Џејмс, а тој имаше само краток и помалку збунувачки одговор.
„Леброн едноставно не е тука“, одговори кратко Вогел, очигледно не сакајќи да открие зошто ја нема својата најголема sвезда.
Леброн Џејмс нема да биде во игра ниту за следната посета на Портланд. Лејкерси во моментов се шести на табелата во Западната конференција.