Connect with us

Тајмаут

Каде ќе се одржи финалето на Лигата на Шампионите во 2020г. Истанбул или Лисабон?

Кандидати за 2020г. за одржување на финалето на Лигата на Шампионите се Истанбул и Лисабон, потврдија од УЕФА.

Дуелот на најсилниот клубски турнир во светот во 2005г. се одржа на Олимпискиот стадион „Ататурк“. Кога Ливерпул ја освои Лигата на Шампионите во пенали со Милан од 0:3.

Другиот кандидат е стадионот на Бенфика да го прифати најважниот натпревар во европскиот клупски фудбал во 2020 година. Реал Мадрид го победи Атлетико Мадрид по продолженија, за да триумфира со десеттата европска клупска титула во 2014-та.

„Арена Гдањск“ во Полска и „Естадио до Драгао“ во Португалија пак се кандидадите да го прифатат финалниот натпревар во Лигата на Европа во 2020 година.