Connect with us

Фудбал

Каде погрешил Конте на мечот со Барселона?!

Легендарниот фудбалски менаџер од Италија, Ариго Саки за „Газета дело спорт“ ја анализираше тактиката на Интер и Антонио Конте во натпреварот против Барселона.

„Конте е еден од најдобрите тренери, Интер игра одлично. Но, нивната игра требаше да биде поагресивен во средината од теренот против Барселона“.

„Антонио го почитувам многу, мислам дека на последниот натпревар не излезе со соодветна тактика. Требаше да го направи истото како на мечот со Дортмунд, каде Бираги и Кандрева одлично би се вклопиле во формацијата 4-4-2. Сепак, сигурен сум дека Конте ќе ја докаже својата класа во Интер“, порача Саки.