Ракомет
Кадетска Србија ја совлада и Македонија “А“
Во финишот од вториот ден на меѓународниот турнир на кадетски репрезентации, што се игра во Автокоманда, репрезентацијата на Србија ја совлада Македонија “А“, со резултат 25:28 (11:14).
Тоа беше рамноправен дуел, кој македонската репрезентација го загуби во самиот финиш на средбата. Првото полувреме мина во надигрување на двете репрезентации, а го загубивме во самиот финиш.
Во вториот дел видовме подобра игра на Македонија, кој резултатот го израмни при 21:21, а потоа долго се играше гол за гол. И во ова второ полувреме ни се случи лоша завршница, која не однесе во пораз.
Со оваа победа Србија најверојатно го обезбеди првото место на турнирот.
Македонија “А“ утре ќе игра со селекцијата на БиХ.