Connect with us

Фудбал

Кај Шкендија нема позитивни на Ковид 19

Фудбалскиот клуб Шкендија ќе продолжи со подготовките за новата сезона.Македонскиот прволигаш објави дека фудбалерите ,техничкиот персонал и сите вработени во клубот се негативни на Ковид 19 во последните тестови.

„Целиот тим на Шкендија беше тестиран на коронавирус. За среќа, резултатите се негативни, така што во комплетен состав ќе продолжиме со активностите предвидени за претстојниот период“, објавија од  ФК Шкендија.

После еднонеделните подготовки во Маврово,Шкендија продолжува со тренинзи во  Тетово.

Извор: Телма