Connect with us

Фудбал

Кај соиграч на Елмас дијагностициран коронавирус

Неапол, 2 октомври 2020 (МИА) – Играчот за врска на Наполи, Пјотр Зиелински се зарази со коронавирус, се наведува во официјалната веб-страница на клубот.

Во моментов, 26-годишниот Полјак е во самоизолација, а останатите играчи се подложени на повторени тестови за COVID-19.

За Наполи настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Во 3. коло од Серија А, наполитанците ќе играат на гости против Јувентус. Натпреварот ќе се одржи в недела, 4 октомври. зс/