Connect with us

Фудбал

Како бе овој човек најплатен на светот, а трофеји?!

Една од ретките неверојатни работи за фудбалот се платите на фудбалерите и тренерите. Огромните суми на пари одамна покажаа дека фудбалот повеќе не е спортска игра, туку моќна индустрија.


Аргентинскиот селектор Диего Пабло Симеоне (52) е убедливо најплатениот тренер. Стратегот на Атлетико Мадрид заработува неверојатни 34.000.000 евра годишно и е далеку пред конкуренцијата.

Неговата плата е огромна, нереална, со оглед на резултатите и трофеите кои ги освојува. Поточно, не победува. Аргентинецот на клупата на Атлетико седи од 2011 година, што значи повеќе од една деценија.

За тоа време Симеоне двапати беше шампион на Шпанија, двапати ја освои Лигата на Европа и Суперкупот на УЕФА. Два пати играше во финалето на Лигата на шампионите и двата пати загуби. Скромен настап за некој кој секоја година е појак за 34.000.000 евра.