Connect with us

Фудбал

Како беше во соблекувалната на „Галактикосите“? „Момците не славеа со него, се налути и не доаѓаше на тренинг“

Соблекувална полна со фудбалски sвезди никогаш не е лесна за контрола. Поради оваа причина клупата на Реал Мадрид е позната како најжешка во светот.

Висенте Дел Боске беше тренер на Реал Мадрид од 1999 до 2003 година и шеф на стручниот штаб на славната генерација на „Галактикоси“ предводена од Зинедин Зидан, Луис Фиго, Раул Гонзалез и други.

Трофејниот шпански стручњак имаше неколку „темпирани бомби“ во тимот, од кои еднна беше Николас Анелка, кој се чинеше дека не е омилен меѓу неговите соиграчи.

„Еден ден Анелка ни рече во соблекувалната дека не е среќен што неговите соиграчи не ги слават головите со него. Тој одлучи да не дојде на тренинг два дена. Клубот го казни“, откри Дел Боске.

Тоа беше во сезоната 1999/2000. Анелка дојде во Реал од Арсенал за 35 милиони евра, но успеа да остане во Мадрид само една година. Одигра 33 натпревари, постигна седум гола, но и ја освои ЛШ.