Connect with us

Фудбал

Како би изгледала шпанската Ла Лига без ВАР системот, еден тим најмногу губи

Шпанските медиуми ја анализираа сезоната која што штотуку заврши, а интересна е табелата која ја направи шпански „АС“, но без одлуките донесени со помош на ВАР системот.

На врвот не би имало промени, тоа е она што е најважно, а најоштетена е секако екипата на Валенсија која заврши на деветтото место, а без ВАР би завршила на петото место и би се пласирала во Лига Европа. Без настап во Европа би останала Гранада.