Connect with us

Фудбал

Како да е македонски, а не германски клуб, Баерн Минхен со минималец ги плаќал дел од вработените, заработи казна!

Раководството на Баерн Минхен толку многу ги намали платите на вработените што беше откриено дека многу луѓе во организацијата работат за минимална плата. Клубот кој врти милиони евра, плаќа и фудбалски и кошаркарски ѕвезди со неверојатни суми, сега е казнет затоа што на некои од своите работници им исплатил минимална плата!

Клубот беше обвинет дека голем број вработени во клубот биле плаќани по 450 евра месечно, а нивните обврски за работа ги надминале оние законски дозволените кога станува збор за исплата на минималната плата во Германија. Поради овој прекршок, клубот од Минхен е казнет со 200.000 евра, а на клубот му е наложено и на своите работници да им исплати 45.500 евра заостанати исплати за социјално и здравствено осигурување. Наводно работниците кои биле вработени во младинските категории на клубот биле недоволно платени и им била исплатена минималната плата.