Фудбал
Како да не го сакаш, реакцијата на Жозе Мурињо по голот на Рома против Јувентус (ВИДЕО)
Во дербито на 25. коло од Серија А помеѓу Рома и Јувентус, Жозе Мурињо ги насмеа сите околу себе со својата реакција кога беше постигнат единствениот гол на натпреварот – за победа на неговиот тим.
„Специјалниот“ почна да му пишува нешто на колегата додека ја подготвуваше промената, а потоа за момент ја крена главата, го виде голот на Џанлука Манчини за конечни 1:0 и не покажа дека се радува. Тој остана целосно концентриран и не ни славеше, само размислуваше за тоа што следува. И дојде до голема победа за неговиот тим кој е цврсто на пат кон Лигата на шампионите следната сезона. Погледнете ја таа сцена: