Connect with us

Тајмаут

Како Даниела од Панчево го замати умот на НБА ѕвездата? И нудел милиони да абортира, правеле ДНК тест, а потоа следи пресврт кој никој не го очекувал

Даниела Рајиќ од Панчево стана светски позната откако успеа да го освои срцето на НБА ѕвездата Пол Џорџ. Нивната врска беше многу турбулентна, поради што често беа под будното око на американските медиуми.

Двајцата неодамна зачекорија на лудиот камен и сега живеат како во бајка.

Сепак, нивниот почеток на љубовта беше сè само не голем. Даниела работела како го-го танчерка, иако некои медиуми во САД тврдат дека работела и како стриптизерка на Флорида, во времето кога таа и Џорџ се запознале за време на неговата посета на Мајами.

Двајцата набрзо почнале да се гледаат, а по неколку месеци раскинале. Но, Даниела останала бремена и тврдела дека детето е негово, додека тој станал многу сомнителен. Кога Рајиќ роди девојче по име Оливија, беше направен ДНК тест и беше потврдено дека Пол Џорџ сепак е таткото на девојчето.

Сепак, скандалите не завршија тука, бидејќи набрзо се дозна дека Пол и понудил на Даниела милион долари за да абортира. Потоа започнаа мачните судски постапки, а Пол сакаше да го преземе старателството над девојчето.

Сепак, по многу перипетии, расправии и судски постапки, двајцата се помириле и почнале да живеат заедно. Во меѓувреме добија две деца, а љубовта ја крунисаа со брак.

Тие се венчаа на интимна церемонија во Италија, додека Даниела неодамна сподели интересни фотографии од венчавката, па така јавноста после оваа венчавка дозна дека тие двајца се заедно и се заљубени еден во друг.

Инаку, Даниела има и сопствен бизнис, а заедно со партнерот на кошаркарот Патрик Патерсон, Сара, има и колекција на костими за капење. Таа е многу популарна на Инстаграм, а ја нарекуваат српската Ким Кардашијан.

Извор: Vistina.com.mk