Connect with us

Фудбал

Како против Реал? Ако некој знае, тогаш тој е Пеп Гвардиола

Без никаква дилема, најинтересен пар од осмина финалето во Лигата на шампионите се Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Двајцата фаворити за освојување на Лигата на шампионите се среќаваат веќе во првата рунда од нокаут фазата и еден од фаворитите ќе излезе надвор од најелитното клупско натпреварување.

Тешко е да се каже во овој момент кој е фаворит. И двата тима имаа свои подеми и падови оваа сезона, но и двата имаат исклучителни индивидуи и одличен квалитет, но Реал сепак има дополнително искуство во вакви натпревари.

И ако некој има искуство да се соочи против Реал Мадрид, тогаш тоа е Пеп Гвардиола.

Имено, како тренер на Барса, Баерн и сега на Сити, тој 17 пати се соочи со Реал и оствари девет победи со четири реми и четири порази.

Само против Арсенал одигра Пеп толку многу натпревари. Имено, тој исто така имаше 17 натпревари против тимот од Лондон, но и подобар резултат одколку со Реал, па неговите екипи остварија 11 победи со три реми и три порази.

Последен пат во неделата на „Емирати“, како тренер на Сити, оствари убедлива победа над Арсенал, но сепак има „посебна врска“ со Реал. Како тренер на Барса имаше жестока расправија со „Кралевите“, па сега дури и со неговиот стар ривал од деновите кога играше, Зинедин Зидан, седи на клупата на Мадрид.

Може да се каже дека не чекаат 180 а можеби и повеќе минути игра во Манчестер и Мадрид, а сезоната на Пеп би била кошмар, доколку по скоро изгубената титула во Англија, тој остане без трофеј во Лигата на шампионите.