Connect with us

Фудбал

Како гром од ведро небо, капитенот Стефан Ристовски се повлекува – Не сум во добри односи со селекторот, работите се движат во погрешна насока!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски објави дека се повлекува од националниот дрес. Како што вели тој, не е во добри односи со селекторот Благоја Милевски, а како капитен на селекцијата го информирал дека работите во и околу фудбалската репрезентација се движат во погрешна насока.

-Ќе бидам искрен и краток. Како професионален фудбалер не трчате само на зелената трева по топката. Успехот доаѓа со план, визија, идеја, сплотеност и почит кон сите, само така можете да бидете успешни. Отсекогаш сум играл за репрезентацијата и се борев со сето срце. Ја сакам нашата соблекувална и на теренот и надвор од него. И покрај сите мои напори гледам дека работите во репрезентацијата одат во спротивна насока, што е видливо и во резултатите, истакнал капитенот, порача Ристовски преку социјалните мрежи.