Connect with us

Фудбал

Како гром од ведро небо: Милан и Интер договорија трансфер?

Според италијанскиот „Скај Спорт“, градските ривали Интер и Милан договорија уште еден трансфер.

Така, по Златан Ибрахимовиќ, „росонерите“ наводно доведоа уште еден напаѓач во јануарскиот преоден рок, а тоа е Матео Политано.

Овој фудбалер дојде во Интер во летото 2018 година, но во жестоката конкуренција помеѓу Ромелу Лукаку, Алексис Санчез и Лаутар Мартинез не доби многу шанси оваа сезона, па логично беше тој да го смени клубот во текот на зимата.

Како што рече изворот, агентот на Политано деновиве престојува во клупските простории на Милан, каде се договорени личните услови на овој напаѓач и Росонерите. Сумата што Милан ќе ја плати на Интер ќе биде 25 милиони евра.

Политано оваа сезона тој е во сенка на Мартинез и Лукаку и има одиграно 10 натпревари во Серија А и има приближно 243 минути игра. Нема постигнато гол досега во Серија А.

Неговото пристигнување во редовите на Милан би ја зголемило конкуренцијата во нападот, а веројатно приказните за заминувањето на Пиатек би станале уште погласни.