Connect with us

Фудбал

Како гром од ведро небо, се повлече еден од најдобрите фудбалски судии, веќе има нова работа

Српскиот фудбалски судија Милорад Мазиќ донесе неочекувана одлука и се повлече од судењето. Тој има 47 години и судеше бројни натпревари од Лигата на шампионите, Лига Европа, Светски и Европски првенства. Во 2018-та година го судеше финалето во ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул (3:1).

Но, тој има нова работа, веројатно и тоа е причината за неговото повлекување. По итна постапка, на инсистирање на Кипар, вчера е потпишан двегодишен договор, со можност за продолжување на уште една сезона, па Мазиќ ќе работи на организацијата и кадрирање на судии во Фудбалската федерација на Кипар.

Мазиќ Европа ја замени со Кина во 2019-та година, каде за минатата сезона е прогласен за најдобар судија.