Connect with us

Фудбал

Како кариерата на Садио Мане можеше да замине во сосема друга насока

Сенегалецот игра навистина фантастично во Ливерпул, а оваа сезона со „Редсите“ успеа да го освои трофејот во Лигата на Шампионите.

Мане ужива да игра за Јирген Клоп. Откри и дека тој сакал да го донесе во Борусија Дортмунд од Салцбург, но дојде до голем пресврт и на крајот заврши во Саутемптон.

„Трансферот од Салцбург беше навистина комплициран. Саутемптон е добар клуб, но не сакав да одам таму“, рече Мане и продолжи:

„Сакав да одам во Дортмунд, затоа што клоп ме сакаше. Меѓутоа, Салцбург се договори со Спартак Москва. Тие даваа повеќе пари, а Дортмунд даваше 12 милиони евра. Не сакав да одам во Русија, сакав да играм во големите лиги и завршив во Саутемптон“, откри Мане.

Таму „експлодираше“. Одигра две одлични сезони (2014-2016) и потоа следеше трансферот во Ливерпул.

А на „Енфилд“ го игра фудбалот на кариерата. Минатата сезона ја подели наградата најдобар стрелец во Премиер лигата со колегата од тимот, Мохамед Салах и напаѓачот на Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг.

Мане на крајот имаше и малку среќа, затоа што кој знае во кој правец ќе отидеше неговата кариера доколку тој завршеше во Спартак Москва.