Фудбал
Како ќе изгледа Јувентус под водство на Пирло?!
Според италијанските медиуми новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло отпишал неколку играчи, како што се Даглас Коста, Данило, Кедира, Ругани, Де Шиљо, Игуаин, Бернандески. Наводно на нив тој нема да смета. Сепак, воедно се пишува дека нови засилувања на Јуве, како желби на Пирло треба да бидат Тонали од Бреша и Иско од Реал Мадрид.
Италијанските медиуми веќе пишуваат и како би изгледал тимот под негово водство. Формацијата би била 4-3-3. На голот би бил Шчесни, одбраната ќе ја сочинуваат Де Лихт и Бонучи, а бековските позиции Алекс Сандро и Квадрадо. Во средниот ред ќе играат Тонало, Артур, Иско, додека во нападот би биле Кулушевски, Дибала и Кристијано Роналдо.