Кошарка
Како Мајкл Џордан без да трепне одбил 100 милиони долари?!
Најдобриот кошаркар во историјата Мајкл Џордан и во пензија заработува повеќе отколку било кој активен спортист на светот. Тој е милијардер, па податокот дека пред три години одбил 100 милиони долари не треба премногу да зачудува.
Сепак, податокот не излегол во јавноста се до сега, а интересна приказна раскажа неговиот менаџер Дејвид Фалк. Џордан секојдневно добива понуди за спонзорски договори, но една беше посебно примамлива.
-Мајкл доби спонзорска понуда од 100 милиони долари, нема да именувам од кого. Единствено што требаше да стори е да дојде на еден настан и да се задржи два часа за да го снимат камерите. Ми кажа: Не, благодарам, откри менаџерот кој се грижи за неговата кариера веќе 35 години.