Connect with us

Фудбал

Како македонскиот талент Станковски заврши во Монца кај Берлускони, открива угледен италијански новинар

Лука Станковски, еден од најголемите фудбалски таленти, кој во моментов е член на Работнички, од идната сезона ќе го носи дресот на Монца. Овој италијански тим во моментов се натпреварува во Серие Б, но има амбиции да влезе во најелитното фудбалско натпреварување во Италија, Серие А.

Сопственик е Силвио Берлускони, а директор Адријано Галијани. Двајцата беа на чело на Милан во една од најдобрите ери на „Росонерите“ кога доминираа во Италија, но ја освоија и Лигата на шампионите.

Угледниот спортски новинари Ди Марцио открива кој е „виновникот“ за трансферот. Како што вели тој, зделката била склучена на препорака од легендата Звонимир Бобан. Како што вели Ди Марцио, Бобан се познава со семејството на Станковски односно таткото кој му испратил неколку видео компилации од неговите настапи. Откако Бобан ги разгледал му се јавил на Галијани и му рекол дека мора да го види ова дете. Секако, откако ги виделе видеата одлучиле да го ангажираат.

Лука Станковски до јуни ќе остане во Работнички, а потоа се сели во Италија.  Има 18 години и настапува како играч за врска. Во моментов тренер на Монца е поранешниот играч на Милан, Кристијано Броки, а најзвучните имиња кои настапуваат таму се Балотели и Боатенг.