Connect with us

Фудбал

Како Мурињо на Ибрахимовиќ му покажа кој е главен: Бараше да го извади од игра, а Жозе дури и голманот го смени, а Ибра го остави на теренот (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ се повлече од активното играње фудбал. Тоа го стори на мечот од последното коло во Серија А, помеѓу Милан и Верона. Се разбира дека нема дилеми дека е еден од најдобрите напаѓачи во историјата, кој сепак во својата богата кариера со трофеји не успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Познат е и по неговите реакции, кои не често се поврзани со фудбалот, неговата ароганција и надменост, а во еден случај самиот почувствува како е да си подреден на некој.

Тој некој е Жозе Мурињо. Имено, во времето кога двајцата беа дел од Интер се случи интересен момент. Ибрахимовиќ бараше да биде заменет бидејќи не можел да го покаже најдоброто поради хроничен замор, но наместо измена, Мурињо му покажа кој е главен. Имено, Португалецот направи три измени, ги извади од игра Балотели, Фиго, па дури и голманот Жузлио Цезар, само да му покаже на Ибра кој е главен.