Фудбал
Како некој да го проколнал Врсаљко по Мундијалот во 2018 година
Шиме Врсаљко воодушеви на Мундијалот во 2018 година, но потоа сè тргна надолу за него.
Тогаш замина на позајмица од Атлетико Мадрид во Интер, но поради проблем со повреда на коленото, тој скоро никогаш не играше на Меаца. Фудбалерот на хрватската репрезентација се врати во Атлетико пред почетокот на оваа сезона, но проблемите со повреда останаа.
Поради неговата неверојатна желба да игра на Светското првенство пред две години, кога Хрватска стигна до финалето, тоа го чинеше Врсаљко многу. Тој се бореше со повреда повеќе од една година, но конечно се врати на почетокот на оваа година.
Врсаљко направи пет настапи за Атлетико пред суспензијата на првенството и покажа дека Диего Симеоне може да смета на него. Сепак, проблемите за овој 28-годишен десен бек не се завршени.
Имено, Врсаљко мора на артроскопија на левото колено, што го мачи со години. Поради проблеми со лигаментите, тој не сака да остави ништо на случајности и ќе ги слуша советите на лекарот.
Тој го пропушти денешниот тренинг на Атлетико, но од клубот соопштија дека треба да биде подготвен за продолжението на Ла Лига, што се очекува кон средината на следниот месец.
Врсаљко, по СП 2018 го следи лоша среќа, но се надеваме дека сега се е зад него.