Connect with us

Фудбал

Како пропадна договорот меѓу Барселона и Меси: Се беше готово, „ситница“ промени се

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не им се налутил на Лионел Меси и неговиот татко што на крајот одлучиле Аргентинецот да ја продолжи кариерата во редовите на американскиот Интер Мајами, иако, како што се тврди, тој веќе постигнал договор со каталонскиот клуб.

Лапорта изјави дека Барселона секогаш ќе биде дом на Меси, а раскажа и како пропаднала првично направената зделка и која била вистинската причина за заминувањето на Меси во американската МЛС.

„Имаме добри односи со Меси, но не сме разговарале откако тој се пресели во Интер Мајами. Му посакуваме се најдобро во МЛС, и дајте му до знаење дека Барселона секогаш ќе биде негов дом. Нашата врска заврши во моментот кога тој отиде во Париз, потоа се обнови кога го договоривме неговиот трансфер, но двете страни не можеа да се договорат и да го постигнат тоа што го сакаа“, изјави Лапорта и продолжи:

„Дали Меси некогаш повторно ќе игра за Барселона? Мислам дека ситуацијата овде е многу комплицирана. Мораме да го прашаме. Тој имаше идеја да се врати и ни се допадна, Чави, Управниот одбор на Барселона и јас сакавме да го видиме во дресот повторно Барселона, но не можевме да се договориме Меси многу се грижи за себе, има исклучителен талент и секогаш може да покаже фудбал на највисоко ниво, но сепак мислам дека можеме без него.

Тој додава дека зделката била направена, но на крајот неговиот татко сепак дошол во клубот и ја пренел информацијата дека Меси го избрал Интер Мајами.

„Договорот беше целосно договорен, но неговиот татко Хорхе сакаше да дојде и да разговара со мене. Тој ни кажа дека Лионел го избрал Интер Мајами бидејќи поминал тешки сезони во Париз, каде што бил ставен под голем притисок и дека во МЛС – ќе биде посмирен. Иако сакаше да се пресели во Барселона, не сакаше да помине уште една година така“, нагласува Лапорта. Минатата сезона Меси одигра вкупно 32 натпревари во Лига 1 за ПСЖ, постигна 16 гола и додаде 16 асистенции на таа статистика.