Connect with us

Фудбал

Како реагираше Јувентус на повредата на Пјаниќ?

Откако дозна за повредата во Јувентус според извештаите на „Скај Спорт“, медицинскиот тим на клубот од Торино веднаш контактирал со колегите од националниот тим на БиХ.

Од БиХ вчера кратко објави дека Пјаниќ има проблеми со адукторот и ќе ја пропушти средбата со Лихтенштајн. Тој се очекува денес да пристигне во Торино.

Одличниот играч од средниот ред ќе биде прегледан на клиниката Ј-Медикал по што ќе бидат познати повеќе детали за повредата. Натореварот во Бергамо против Аталанта е под значителен знак прашалник.

Клубот од Торино е оптимист и се верува дека со Пјаниќ че биде се во ред, но ништо нема да се ризикува, пренесува „Тутопорт“.

Оваа сезона Бјанконерите одиграа натпревар и половина без Пјаниќ и неговото отсуство се осети во играта, па Маурицио Сари има причина да се грижи.