Connect with us

Тајмаут

Како Златан ја освои 11 години постарата Хелена: „Тој го блокираше мојот мерцедес со неговото Ферари“ (ФОТО)

Сопругата на славниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ, Хелена, зборуваше за фудбалската sвезда со која се омажи, и таа е 11 години постара од него.

Хелена е успешен претприемач и многумина веруваат дека таа е одговорна за големите инвестиции на напаѓачот на Милан.

“Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година и јас имав 32 години, имав кариера и богатство и не ми требаше фудбалер да ме храни. Јас бев независна и тој не беше мој тип. Прв пат кога го видов , тој го блокираше мојот мерцедес со неговото Ферари, го видов само неговиот голем нос и златен часовник на неговата рака. Бев во лошо расположение и викнав на него. Мислам дека му се допадна тоа“, откри Хелена.

Хелена не е како другите девојки или жени на познатите фудбалери. Таа не се појавува често во медиумите, не сака шопинг и нема куќна помошничка.

Таа сака да вози мотоцикл брзо и се пожали дека има премногу големи усни и премногу кратки нозе.