Connect with us

Фудбал

Каков Бензема, страшен Бензема, го стори она што никој не успеал на Камп Ноу уште од 1963-та година (ФОТО)

Карим Бензема постигна хет-трик на синошниот меч против Барселона во победата од 0:4 на реваншот од полуфиналето од Купот на Кралот, со што Реал Мадрид ја анулираше негативата од 1:0 од првиот меч и се пласираше во полуфиналето. Французинот имаше одлична, фантастична вечер, со тие три гола. А, колку се важни и колку е неговиот учинок голем доволно говори податокот дека Бензема е првиот фудбалер кој постигнал хет-трик на Камп Ноу по Ференц Пушкаш кој тоа го направил во 1963-та година. До синоќа ниту еден фудбалер на Реал Мадрид не успеал да го повтори тоа.