Connect with us

Фудбал

Каков блам на Aмериканците, немаат поим кој е Бускетс! Пристигна кај Меси, го навија, но ставија слика од друг фудбалер (ФОТО)

Шпанскиот играч за врска Серхио Бускетс (35) потпиша договор со Интер од Мајами и повторно стана соиграч на Лео Меси, а локалната МЛС лига по тој повод направи неверојатен гаф. Во објавата на социјалните мрежи за доаѓањето на капитенот на Барса, освојувач на Лигата на шампионите, Светското и Европското првенство, ставија слика од уште еден шпански фудбалер, Алваро Арвелоа!

„Победата е единственото нешто што го прави“, се вели во таа објава, која не долго потоа беше избришана, но бламот беше зачуван со „принтскрин“.