Connect with us

Фудбал

Каков е тој лик Ибрахимовиќ: Играв со Малдини, сега играм со неговиот син, ќе играм и со неговиот внук!

Златан Ибрахимовиќ е неуништлив. Има 40 години, но игра фантастично сезонава, и голем дел од добрите резултати на Милан и лидерската позиција во Серие А се поради него. Тој вели дека ќе игра се додека може, а го потврди со шеговита и интересна изјава.

-Играв против Паоло Малдини, а сега играм со неговиот син Даниел. Се надевам дека во иднина ќе играм и со синот на Даниел, иако тоа би било многу чудно, изјави Ибра секако на шега.

Даниел Малдини, син на легендарниот Паоло има 19 години и секако дека Ибрахимовиќ нема да дочека да игра и со внукот на Паоло Малдини.