Connect with us

Фудбал

Каков гол е постигнат во Серија А, дури ни режисерот не успeа да гo прикаже во директниот пренос (ВИДЕО)

Фиорентина славеше како гостин кај Верона со 0:3, што е нивна прва победа во Серија А по пауза од шест меча. Покрај прекинувањето на лошата серија, овој меч навивачите на Фиорентина ќе го паметат по голот на Бираги. Имено, тој успеа да ја затресе противничката мрежа од половина терен.

Имено, беше досуден прекршок за Фиорентина, а Бираги од половина терен го лобуваше противничкиот голман. Дури и режисерот не го покажа овој гол во директниот пренос бидејќи не очекуваше толку брз да биде изведен прекршокот, па во тој момент прикажуваше шанса на Верона.