Connect with us

Фудбал

Каков малер за Милан и Швеѓанецот, крај на сезоната но, и кариерата на Ибра под знак прашалник?!

Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ се повредил за време на тренингот. Шведскиот фудбалер предвреме ја напушти тренинг-базата на тимот, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Постои можност Ибрахимовиќ да ја оштетил Ахиловата тетива. Ако ова се потврди, тогаш тој може да ја заврши кариерата.. Ибрахимовиќ ќе помине лекарски преглед, по што ќе станат познати деталите за повредата.

 

На крајот на оваа сезона, Ибрахимовиќ ќе го напушти Милан. Затоа, ако повредата на 38-годишниот напаѓач е сериозна, тогаш тој можеби нема повеќе да игра воопшто.